Промоција на поезијата „Побег на нештата“ од Љерка Тот Наумова на Скопско лето

Промоција на збирката поезија „Побег на нештата“ од Љерка Тот Наумова ќе се одржи денеска во Национална галерија – Даут пашин амам во рамки на програмата на Скопско лето.

Фото: илустрација

Книгата е во издание на Ми-Ан – Скопје. Модератор на настанот ќе биде Јадранка Чадиновска, а промотор Марина Мијаковска

За време на настанот, музички настап ќе има Кристијан Мирковски, со музичките дела Marche Neputale -J.Hayden, Largo und Allegro G-Dur J.S.Bach, Aria- Anonimus.

Во Сули ан – Факултет за ликовни уметности задутре е предвиден концерт на КИЦ ПОП ХОР од Црна Гора, по повод Денот на државноста на Црна Гора.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.