Пронајдена дрога при контрола на угостителски објекти во Скопје, приведени се 12 лица, соопшти МВР

На (21/22.05.2022) година од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, во содејство со полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје при контрола на угостителски објекти на подрачје на СВР Скопје од слобода се лишени 12 лица.

Притоа кај Н.В.(42), Г.Н.(20), С.Ј.(21), А.Ј(35), Г.Т.(33), Л.Р(34) била пронајдена прашкаста материја, додека кај Д.М(23), Ј.Ѓ(21), Л.Ј(18), Б.Б(26), Х.И.(20) и Д.М(39) била пронајдена марихуана.

Лицата се приведени во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесен поднесок по член 215 од Кривичниот законик, соопшти МВР.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.