Пронајдени делови на изгубениот континент

Loading...

Група геолози од Норвешка, Јужна Африка, Велика Британија и Германија, објавија во понеделник дека се откриени траги на постоење на древен континент на дното на Индискиот океан, за кој се верува дека постоел пред 2.000 до 85 милиони години.Појасот земја, што научниците го нарекуваат Мавриција, со време се расцепкал и исчезнал во морето, но, како што се наведува во студијата објавена во весникот “Nature Geoscience”, пред околу 750 милиони години земјата била „собрана“ во еден континент – Родинија, пренесува Би-Би-Си.Иако сега се одвоени со стотици километри океан, Индија и Мадагаскар некогаш биле соседи. Кога континентите почнале да се поместуваат кон моменталните позиции, Мавриција исчезнала, појаснуваат научниците.Експертите сега веруваат дека пронашле докази за постоење на микроконтиненти на дното на океанот. Тимот до тој заклучок дошол проучувајќи го песокот од плажите на Маврициус. Песокот е резултат на древна вулканска ерупција што се случила пред девет милиони години, но содржи минерали што се значително постари.„Пронајдовме циркони што ги извлековме од песокот на плажата и кои обично се наоѓаат во земјината кора. Тие се многу стари“, рече професорот Тронд Торсвик од Универзитетот во Осло.Цирконите потекнуваат од периодот пред милијарда и 970 до 600 милиони години и тимот заклучи дека станува збор за остатоци на древна земја која на површината излегла по вулканска ерупција. Торсвик смета дека делови на Мавриција можат да се пронајдат на 10 километри длабочина, под Маврициус.Мавриција постоела со милиони години од прекамбријската ера до периодот кога диносаурусите владееле со земјата. Но, кога пред 85 милиони години Индија започнала да се оддалечува од Мадагаскар, микроконтинентот се распаднал и со времето исчезнал под брановите. Негови мали делови можеби, сепак, преживеале.„Во овој момент Сејшелите се дел од гранитот или континенталната кора што се наоѓа буквално среде Индискиот океан. Некогаш одамна, тие се наоѓале северно од Мадагаскар. Она што се обидуваме да го кажеме е дека ова е можеби многу поголемо и дека бројни фрагменти на овој континент можеби се раширени по целиот океан“, појасни Торсвик.Тој додава дека се потребни понатамошни истражувања по остатоците од изгубениот свет.„Потребни ни се сеизмички податоци кои би биле ултимативен доказ. Или, пак, можеме да дупчиме, но тоа би било прескапо“, завршува Торсвик. 
МакфаксГрупа геолози од Норвешка, Јужна Африка, Велика Британија и Германија, објавија во понеделник дека се откриени т

loading...
Loading...