Пронајдени три девојки кои пред десет години биле киднапирани

Loading...

Три девојки кои исчезнале во Кливленд пред десетина години се пронајдени во куќа во овој град и сите се во добра здравствена состојба. Уапсени се три лица под сомнение дека учествувале во киднапирањето.Полицијата соопшти дека живи се пронајдени Аманда Бери, Џина Де Џизус и Мишел Најт кои пред десет години исчезнале во една година.Во понеделникот попладне една од девојките се јавила на полицискиот број за итни интервенции 911, откако со помош на еден од соседите избегала од куќата во која се наоѓала.„Јас сум Аманда Бери. Се водам како исчезната десет години и сега сум слободна“ и рекла девојката на полициската диспечерка и и ја кажала адресата на која се наоѓа.Американските медиуми јавуваат дека соседот Чарлс Ремзи слушнал повици од куќата и ја видел Аманда како се обидува да излезе.„Ја здогледав девојката која како луда се обидуваше да излезе надвор. И помогнав и ја одведов во мојата куќа и повикавме полиција“ вели Ремзи.Иако се уште не се познати сите детали на цела приказна за тоа како трите девојки биле држени во заробеништво цели десет години, полицијата соопшти дека три лица се уапсени под сомнение дека се поврзани со случајот.Локалната телевизија WKYC во Кливленд јавува дека е уапсен 52-годишниот Ариле Кастро, возач на училишен автобус кој е сопственик на куќата од која побегнале девојките. Си Ен Ен јави дека уапсени се уште две лица чии имиња не се наведени, браќата на Кастро.Медиумите јавуваат дека покрај трите киднапирани девојки од куќата е спасено и шестгодишно девојче за кое се претпоставува дека е ќерка на една од жртвите.Аманда Бери исчезнала кога имала 16 години, во април 2003 година кога се враќала од работа од ресторанот Бургер Кинг. Другата жртва Џина Де Џизус е киднапирана на 14 години додека си одела дома од училиште, една година подоцна. Мишел Најт се води како исчезната од 2000 година.Куќата во која се пронајдени се наоѓа на неколку километри оддалеченост од местото од кое се грабнати.
МакфаксТри девојки кои исчезнале во Кливленд пред десетина години се пронајдени во куќа во овој град и сите се во добра здрав

loading...
Loading...