Пронајдено возилото во кое биле ограбувачите на Тутунска банка во Чаир

Возилото со кое утринава беше извршен грабежот во филијалата на Тутунска банка во Чаир, два часа подоцна е пронајдено опожарено во близина на гробиштата Бутел, во близина на реката Серава. Полицијата пронајде една рамка од пиштол и запален автомобил марка „Голф 5“, за кои се верува дека им припаѓале на разбојниците.
Полицијата се уште трага, за кои се претпоставува дека биле четири лица, по сторителите.