Пронајден педесетгодишен застрелан маж

Loading...

Според првичните сознанија на Обвинителството во починатото лице кое беше пронајдено во саботата вечер во Демиркаписко е пукано со огнено оружје. Државното јавно обвинителство за МИА наведе дека се чека да се види дали обдукцијата ќе потврди дека е пукано со огнено оружје.
– Основното јавно обвинителство постапува по предметот во врска со пронајденото починато лице. Беше наредена обдукција и вештачење на траги. Предметот е во предистрага. Обвинителството продолжува со постапката, во насока на расчистување на случајот – изјавија од Обвинителството.
Во саботата околу 18:30 часот во Полициската станица Демир Капија било пријавено дека на место викано “Селиште“-Копришница, атар на општина Демир Капија, бил пронајден Ј.Д.(50) од село Тимјаник, Неготинско, информира Верољуб Додевски, портпарол во СВР Велес.
– Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Неготино, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција – изјави Додевски за МИА.

loading...