Простете си себеси за сите оние моменти кога го трошевте своето време на луѓе кои не можат да ја видат вашата вредност

Доволни сте си самите на себеси. Можеби еднаш, а можеби и 10 пати сте се заљубиле во погрешната личност. Можеби сте биле со луѓе кои сте ги споредувале со своите бивши. Можеби сте биле со некој кој не ги ценел вашите квалитети.
Можеби сте биле со совршената личност, но сте решиле дека таа не е за вас.
Простете си себеси за тоа.
Простете си за сите оние луѓе кои ве натераа да се сомневате во себе. За луѓето кои не го видоа вашиот потенцијал и кои правеа да се чувствувате лошо, не знаејќи зошто е тоа така.
Таков е животот. Можеби така ја учите најважната лекција да ги цените оние луѓе кои вистински ве сакаат и кои би дале се за вас.


Никој не заслужува да го троши своето време на луѓе кои не ве ценат онака како што треба. Никој не заслужува кон него да се однесуваат како да е опција на која можат да и се враќаат постојано.
Простете си себеси за сите овие луѓе. За тоа што им дозволивте да останат во вашиот живот подолго одошто заслужуваат. Простете си затоа што се вложувавте во луѓе кои никогаш тоа не го направија за вас. За тоа што сте боревте за погрешни луѓе и постојано им дававте шанса.
Затоа, така ја учите, но и ја запаметувате својата вредност.

Loading...