Простуваме, но не забораваме

Рената Дескоска, министерка за правда, во интервју за “Независен“ истакна дека последиците од секој закон за амнестија се исти и од оној од 2001. и од овој сега – простувате, ослободувате од казна, но тоа не значи дека заборавате.
-Секогаш досега, законите за амнестија содржеле исклучување на одредени дела. Сепак факт е дека исклучувањето во последниот закон е направено на еден поспецифичен начин. Носење на Законот за амнестија не е лесен процес, особено што него го гласаа директните жртви на насилствата од 27 април. Не мислам дека е правен да ги опфати само пратениците. Инаку последиците од секој закон за амнестија се исти и од оној од 2001 и од овој сега – простувате, ослободувате од казна, но тоа не значи дека заборавате. И со тие последици е поважно да се соочиме и да се бориме, со чувството на неправда, со гневот, со грижата за пораката која ја праќате – вели Дескоска во интервју за „Независен“.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.