Протеински трик за згуснување супи и варива кој ништо нема да ве чини

Loading...

Кога сакаа да згуснат супа, манџа или некој сос, нашите мајки и баби правеа смеса, односно мешаа брашно со масло или некоја друга маст и добиената смеса ја додаваа во садот.
Денес, постојат поедноставни и поздрави алтернативи за згуснување на течните јадења кои, згора на тоа, ќе бидат полни со протеини.
Црвената леќа е одличен избор. Тоа е лесно сварлива мешунка која содржи околу 330 калории во 100 грама сув плод и приближно 24 грама протеин од растително потекло.
Не треба да се кисне со часови пред термичка обработка, како што е случајот со леблебијата или гравот, а потребни се само околу 15 минути за да се готви.


Што треба да направите?
Исплакнете ја црвената леќа во ладна вода за да ги отстраните сите нечистотии и додајте ја во супата, чорбата или некој сос 15 до 20 минути пред крајот на готвењето.
За време на термичката обработка, леќата ќе „испие“ добар дел од течноста во тенџерето и ќе се распадне, а со тоа ќе го згусне садот што го подготвувате.
Ако не ви се допаѓа лушпестата текстура на зготвената леќа, потопете миксер со стапче во тенџерето или префрлете го садот во блендер и мешајте додека не добиете кремаста и густа течност.
Колку леќа треба за згуснување на оброците?
Користете 100 грама сува црвена леќа на 500 ml до 1 литар течност како вода или подлога. Количината на леќата ќе варира во зависност од тоа што ќе ставите во супата или чорбата и колку сакате да биде густа.

loading...
Loading...