Протести поради кинеската управа во Тибет, 100 обиди за самозапалување

Loading...

Канцеларијата на духовниот водач на Тибетанците Далај Лама потврди дека имало обид за самозапалување на будистички свештеник во Непал во средата кој е 100-от ваков израз за отпор од 2009 година против кинеската управа на Тибет.„Можеме да потврдиме дека станува збор за 100-от обид за самозапалување“, изјавил претставникот на канцеларијата на лидерот на Тибетанците, Темпа Церинг. Одлуката на свештеникот да ја запали својата одежда е „несреќна“ додал Церинг, пренесува AFP.Од 2009 година регистрирани се досега 100 случаи на самозапалување, а повеќето лица кои се одлучуваат на ваков вид протест против кинеските власти во оваа хималајска област починале, повеќето будистички монаси и монахињи.„Многу сме тажни поради она што се случи. Тибетската управа го повикува населението да се воздржи од ваквите екстремни мерки“, изјави Церинг.Во средата наутро монахот се полеал со бензин и ја запалил својата одежда во ресторан во Буданат Ступа, едно од најважните будистички светилишта во светот кое се наоѓа во главниот град на Непал, Катманду, соопшти портпаролот на локалната полиција Кешав Адихари.Кина, инаку, на 31-ви јануари првпат изрече тешка казна за еден тибетски будистички монах и неговиот внук поради поттикнување на самозапалување на млади Тибетанци коишто како знак на протест кон кинеската управа со Тибет стана зачестена појава и тоа на кинеска територија.На 40-годишниот Лорангу Канчок му беше изречена условна смртна казна, која речиси секогаш се менува во доживотна затворска казна, а на неговиот 31-годишен внук Лароангу Церинг – десетгодишна затворска казна.Двајцата беа прогласени за виновни за „поттикнување” и „присилување” на осуммина Тибетанци на очајничкиот чин, според одлуката на судот во Аби, тибетската област во југозападниот дел од земјата. Тројца од нив починаа во текот на 2012 година откако ги запалија своите одежди.Врховниот суд и највисокото кинеско правосудство и полициските власти најавија минатиот декември дека секој за кого ќе се докаже дека помагал или поттикнувал Тибетанци на самозапалување ќе биде кривично гонет за „убиство” .Од 2009 година во Кина на овој начин се обиделе да си го одземат животот стотина Тибетанци во знак на протест против кинеската доминација и власт на оваа област којашто ја сметаат за своја татковина и поради задушување на нивната религија и култура. Повеќето им подлегнаа на повредите од изгорениците.Според официјалните податоци на Пекинг, од март 2011 до јуни оваа 2012 година како резултат на чинови на саможртвување со самозапалување починале повеќе од 20 Тибетанци. Кинеските власти тврдат дека постојат докази дека сите такви случаи се внимателно подготвени од странство од сепаратистичките активисти коишто се залагаат за отцепување на Тибет од Кина.„Само е еден одговор на кинеските власти на самозапалувањата: репресија и уште посилна репресија. Тоа само го потврдува неуспехот на нејзината политика на Тибет”, коментираше пред извесно време за AFP, Катиа Буфертрил, тибетологиња која живее во Париз.Тибет останува едно од „жешките” и најзатворени прашања во денешна Кина, којашто била анектирана во составот на Поднебесното царство во XIII век. Набргу по основањето на Нова Кина во 1949 година, Пекинг и Ласа потпишаа Договорот за мирно ослободување на Тибет, според кој областа влезе во составот на Кина како автономен регион.Далај Лама XIV Тензин Гјацо побегна од Тибет во 1959 година по вклучувањето на областа во составот на Народна Република Кина и неуспешниот антикинески бунт. Заедно со неговите приврзаници тој живее во индискиот град Дармсала, каде што дејствува „тибетската влада во егзил”. Во март минатата 2011 година Далај Лама најави оставка од неговата лидерска позиција, но тоа не ги намали полемиките меѓу него и Пекинг, каде што го сметаат за сепаратист.
МакфаксКанцеларијата на духовниот водач на Тибетанците Далај Лама потврди дека имало обид за самозапалување на будистички све

loading...