Протест на Србите од Косово во Митровица

Loading...

Протестот на голем број граѓани од српска националност го иницираше одлуката за воведување такса од 100 насто на производите увезени од Србија, но и денешните апсења во северна Митровица, јави дописникот на МИА од Приштина.
На излезот од северна Митровица формирана е колона долга неколку километри од граѓани кои се упатија кон Рударе, местото каде што се организира протестот. Мирни протести се најавени на уште три локации, во Зупче и на граничните премини меѓу Косово и Србија, Јариње и Мердаре, а забележително е и присуството на припадници на косовската полиција, која го обезбедува протестот.
Исто така и единици на меѓународните сили на Косово, КФОР, денеска се распоредени во близина на протестите на косовските Срби, а според косовските медиуми, силите на КФОР се ставени во состојба на зголемена борбена готовност.

 

loading...