Против Мирољуб Петровиќ е поднесено Обвинение за НАДРИЛЕКАРСТВО. Има починат од Скопје

Обвинението против Мирољуб Петровиќ, псевдоакадемик и еден од најпознатите антиваксери, го покрена Основното обвинителство во Лесковац, а тој е обвинет дека без лиценца за лекови правел хербални лекови, екстракти, чаеви и сокови и на тој начин лечејќи неколку лица, меѓу кои сега има и двајца починати.

Обвинетиот се товари дека правел хербални лекови-тинктури, екстракти, чаеви и сокови без дозвола за лекови, соодветно стручно оспособување и дозвола за производство на лекот и истите ги продавал на различни лица и лекувал повеќе лица без соодветна стручна подготовка, меѓу другото сега починатиот, скопјанецот П.С. и починатиот Б.М од Нови Сад
Против Мирољуб Петровиќ е поднесено Обвинение за НАДРИЛЕКАРСТВО

Лесковачкиот суд на 29 јули доби обвинителен акт, а во соопштението на лесковачкото обвинителство се наведува дека е поднесен против Петровчанецот П.М.

Како што се дознава од Основниот суд во тој град, станува збор за Мирољуб Петровиќ, познат на пошироката јавност по фразата „Ideš pod mač bato“.

Обвинетиот се товари дека правел хербални лекови-тинктури, екстракти, чаеви и сокови без дозвола за лекови, соодветно стручно оспособување и дозвола за производство на лекот и истите ги продавал на различни лица и лекувал повеќе лица без соодветна стручна подготовка, меѓу другото сега починатиот, скопјанецот П.С. и починатиот Б.М од Нови Сад – изјавија од Обвинителството.

Обвинителството во Лесковац во 2019 година покрена истрага против Мирољуб Петровиќ, кој во јавноста е познат по неговите антиваксерски и надрилекарски ставови, откако Билјана Јовановиќ јавно го означи како одговорен за смртта на нејзиниот брат Славча Петров (31), но овој случај се уште нема добиено епилог.

Овој предмет е во фаза на доказна постапка, односно во предистражна постапка и дури кога ќе заврши доказната постапка ќе биде донесена обвинителската одлука“, изјави Марина Кечојевиќ, портпарол на Основното јавно обвинителство Лесковац. Курир во ноември.

Да потсетиме, медиумите пред неколку месеци пишуваа дека случајот со Мирољуб Петровиќ, кој е во надлежност на Основното обвинителство во Лесковац, а кој е покренат поради сомневање дека се занимавал со надрилекарство уште во Јануари 2019 година, се уште е во фаза на преземање на прелиминарни истраги.

Мирољуб Петровиќ се најде под лупата на правосудните органи откако во јавноста беше обелоденето дека тешко болните ги наплатувал за „лекување“ во неговиот центар во селото Петровац кај Лесковац. После тоа било откриено дека тинктурите кои ги нуди и преку електронска пошта се прават и продаваат во неговата куќа.

Полицијата почнала да собира информации и тогаш Петровиќ ја дал првата изјава во станицата каде што ги отфрлил сите обвинувања.

Неколку дена подоцна, откако полицијата ги собрала потребните информации и ги доставила до Вишото јавно обвинителство, кривичното дело за кое се товари Петровиќ е преквалификувано во надрилекарство и е проследено до Основното јавно обвинителство.

Петровиќ уште пред покренувањето на истрагата во директна пресметка со Билјана Јовановиќ на ТВ Прва негираше дека го лекувал нејзиниот брат и му продавал тинктури. Според медиумите, ова го повторил и на полициското сослушување.

Инаку, ова не е прва пријава против Петровиќ. Тој беше и еден од 43-те лица именувани во кривичната пријава за предизвикување паника и неред поради јавно агитирање против вакцинирање на деца.

На Мирољуб Петровиќ му се заканува парична казна или затвор до три години за кривично дело „надрилекарство“. Тие одредби од Кривичниот законик им забрануваат на лица без соодветна стручна подготовка да лекуваат и подготвуваат или издаваат лекови.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.