Прототема: Ќерка на македонски политичар и „инфлуенсерка од Инстаграм“ уапсена за шверц со дрога на Миконос

Позната инфлуeнсерка од Северна Македонија која е и ќерка на политичар од соседната земја е едно од уапсените лица на Миконос за учество во злосторничка организација која продавала кокаин и екстази на грчкиот остров Миконос, пишува грчкиот весник „Прототема“.

Организираната група работела по добро утврдени протоколи:

Тројца македонски државјани, двајца мажи на возраст од 34 и 35 години и 21-годишна девојка, во средата биле уапсени на грчкиот остров Миконос, под обвинение за трговијасо дрога.

Девојката која уште е опишана и како 21 – годишна русокоса со многу следбеници на Инстаграм и чија мајка е правник/адвокат, оперирала заедно со уште двајца македонски државјани и еден познат либански ди-џеј. Лидер на групата бил 34 – годишен скопјанец, десна рака му бил 35 – годишен сонародник а четвртиот уапсен во групата, либанскиот државјанин, живеел во Атина и потекнува од ситуирано семејство.

Во групата на Миконос, како што открива protothema.gr, покрај експлозивната 21-годишна русокоса, 34-годишниот водач на скопскиот картел, неговата десна рака и 35-годишник уапсен е сонародник и познат либански диџеј од добро ситуирано семејство, којпостојано живее во Атина, а во летните денови се сели во Миконос, тој купувал кокаин од скопската банда.

За време на полициската акција, властите уапсиле и либански диџеј кој бил клиент на скопскиот картел за кокаин 36-годишниот жител на Атина, кој потекнува од добро ситуирано семејство и вообичаено летува на Миконос, поседувал 3,7 грама кокаин. Тој, всушност, во изјавата што ја дал во полиција тврдел дека дрогата ја набавил од криминалната група.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.