Проја со тиквички: Рецепт што ова лето ќе го обожаваат сите домашни!

Loading...

Оваа проја со додаток млади тиквички е идеална за појадок, ужина и вечера
Состојки:
140 г пченкарно брашно
140 г обично брашно
2 мг прашок за печиво
3 мг сода бикарбона
4 мг сол
150 мл јогурт
2 јајца
10 г шеќер
60 мл масло
300 г млади тиквички
50 г црвени пиперки
40 г пармезан


Приготвување:
Исечкајте ги тиквичките на ситни коцки или изрендајте ги. Само малку продинстајте ги на масло, колку да добијат боја. Исечкајте ја пиперката на што поситни коцки. Загрејте ја рерната на 190 степени Целзиусови.
Премачкајте со маргарин плех со средна големина. Помешајте пченкарно брашно, обично брашно и прашок за печиво. Посебно изматете белки и сол, а потоа додајте шеќер и повторно изматете. На крајот, додајте ги жолчките.
Измешајте јогурт и масло, додајте сода бикарбона и промешајте малку. Јогуртот ќе ви запени, па затоа ќе ви треба поголем сад. Полека мешајте ги јајцата и јогуртот, а потоа додајте ја мешавината на брашно, пиперка и тиквички. Сето тоа сипете го во приготвениот плех, посипете пармезан и печете околу 30 минути.
Добар апетит!

loading...