Психотерапевт открива: Овие промени се случуваат кога подолго време немаме физички контакт со луѓе!

Експертот открива што можеме да почувствуваме како резултат на недостаток на физички контакт

Осаменоста може да стане проблематична

Сите знаеме колку е важен блискиот контакт за здравјето на луѓето и колку лекуваaт прегратките и бакнежите.

А тоа одеднаш ни го одзеде оваа година со доаѓањето на корона вирусот. Со цел да се спречи ширењето на КОВИД-19, одржувањето на физичката оддалеченост и носењето заштитни маски стана наше секојдневие.

Поради недостаток на физичка блискост, многу луѓе чувствуваа вознемиреност и депресија.

“Физичкиот контакт е од голема важност за една личност. Иако секој има одредена доза интимност што му е потребна, по неколку месеци оддалеченост, секој почнува да чувствува колку му недостасува контактот”, тврди психотерапевтот за семејни односи и бракови- Алис Руби Само за Јаху.

Лошо расположение

Ако веќе некое време се имате лошо расположение, без оглед на тоа што правите, тогаш постои можност да го имате овој проблем.

Д-р Кетрин Џексон, клинички психолог, вели дека физичкиот контакт го исполнува нашиот мозок со хормони на среќа како што се серотонин, допамин и окситоцин.

Недостаток на нивно лачење може да предизвика депресија.

Стрес

2020 година донесе здравствена криза предизвикана од корона вирусот за сите нас, а со тоа и страв, грижи и стрес. Една од причините за акумулираниот стрес е недостатокот на физичка блискост.

Без прегратки и бакнежи, нашиот мозок почнува да лачи хормони на стрес како што е кортизол.

Д-р Џексон советува да ги галите милениците ако ги имате.

„Допирот не мора да биде човечки за да има позитивен ефект“, вели тој.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.