Птичји гнезда

Loading...

3 белки
150 г шеќер
150 г мелени бисквити
100 г мелени ореви
100 г толчени ореви
50 г бело чоколадо
50 г црно чоколадо
2 лажици масло
150 г цели лешници
Белките матете ги со шеќерот додека не ја добијат потребната цврстина. Додадете ги бисквитите и оревите, и промешајте ја смесата. Формирајте топчиња со големина на орев и редете ги во тава, прекриена со хартија. На средината направете длабнатини и печете 30 минути на 120 степени.
Во длабнатините на изладените колачи ставете по еден лешник, и украсете со растопено бело и црно чоколадо.

loading...