Публиката се враќа на спортските терени во Македонија

Loading...

Повеќе од година и пол спортските натпревари во Македонија се одржуваат без публика поради пандемијата на коронавирус.
Министерот за здравство, Венко Филипче денеска ја информираше јавноста дека во делот на олабавување на мерките спаѓа и враќањето на публиката на спортските настани.
Публиката се враќа и на спортовите на отворено и во салите, но до 30 проценти од капацитетот на објектот. Сите присутни ќе мора да носат маски.
Министерот соопшти дека е донесена одлука и за отворање на фитнес центрите и теретаните.

loading...