Пудинг со јагоди

Loading...

Пудингот со јагоди е идеално освежување во текот на летото, а истовремено се подготвува брзо и лесно.
Потребни состојки:
-половина литар млеко
-1 пудинг со вкус на банана
-4 лажици шеќер
-1 банана
-неколку свежи јагоди
-неколку бисквити
Начин на подготовка:
Сварете го пудингот со млекото и шеќерот според упатството на кесичката, па почекајте малку да се олади. Исецкајте ги бананата и јагодите, бисквитите може да ги измелете или изгмечите.
Во сад ставајте наизменично бисквити, пудинг, овошје додека не ги потрошите состојките.

loading...