Пукање во Германија! Вооружен маж убиен во Фрајбург, претепал жена и дете, па им се заканувал на полицајците со оружје!

Во драматичен инцидент што се случи во Ајхштетен ам Кајзерстул, во близина на Фрајбург, полицијата застрела 48-годишен маж кој ги претепал својата сопруга и нивното дете, а потоа и’ се заканувал на полицијата со оружје. Мажот починал во болница.Според соопштението на полицијата, 47-годишната жена сама се јавила на 911, а потоа се забарикадирала во соба од станот со нејзиното десетгодишно дете. Мажот, наводно, продолжил со дивеењето и се обидел да ја скрши вратата од собата.Според првичните информации, тој пукал со пушка во заклучената врата, но не удрил никого во собата.Соседот, кој ги слушнал истрелите и вревата и сфатил што се случува, поставил скала на прозорецот од соба на првиот кат и му дозволил на детето да избега.После тоа, мажот излегол од станот со сачмарка во рака и бил запрен на улица од полицијата која во тој момент пристигнала на местото на настанот.Според соопштението на полицијата, тој не го спуштил оружјето и покрај повеќекратните повици, туку им се заканил на полицајците со него. Потоа отвориле оган, по што мажот бил пренесен во болница каде по итна операција починал.Детето претрпело траума од пукотниците, а заедно со мајка му добило психолошка помош.Причините за нападот сè уште се нејасни. Мажот имал претходна евиденција за прекршоци поврзани со дрога , напад и прекршување на оружје. Нему му беше забрането да поседува оружје. Покрај пушката, кај него бил пронајден и пиштол.

Пронајдете не на следниве мрежи: