Путин во акција: Се спушти до дното на Финскиот залив за да истражи потоната подморница, еве како

Рускиот претседател Владимир Путин во текот на вчерашната посета на Балтичкиот остров Хогланд, од една мала истражувачка подморница ( батискаф), на дното во Финскиот залив, ги разгледуваше остатоците од друга потопена подморница, јавија руските медиуми.
Тој со стручњаците ја разгледа потопената подморница ССЦЦ-308 што потонала во Втората светска војна, пренесоа неколку руски медиуми.

Еден нуркач постави комеморативна плоча на остатоците од подморницата и на тој начин им одаде почит на 40-те членови на екипажот што погина во октомври 1942 година.
-Го правам ова затоа што нашите луѓе работат насекаде – во воздух, под вода и под земја, рече Путин по обиколката на подморницата, што траеше околу 1,5 час, наведуваат руските емдиуми.
Путин кажа дека можел да ја види потопената подморница од сите страни и сакал подобро да го разбере работењето на оние кои секојдневно ги рескирале своите животи
Ова не беше прво патување со подморница на рускиот претседател.

Loading...