Путин го откри составот на делегацијата која ќе преговара со Украина

Рускиот претседател Владимир Путин го утврди составот на руската делегација што ќе патува во Турција на преговори со Украина, соопшти Кремљ. Делегацијата ја предводи помошникот на рускиот претседател Владимир Медински.

Во делегацијата се и заменик-министерот за надворешни работи на Русија Михаил Галузин, началникот на Главната дирекција на Генералштабот на руската армија Олег Костјуков и заменик-министерот за одбрана Александар Фомин.

Исто така, назначен е тим од експерти кои ќе учествуваат во преговорите. Директни разговори меѓу двете страни ќе се одржат во четврток во Истанбул, пренесува „Спутник“. Да потсетиме, Медински ја предводеше руската делегација во преговорите со Киев, исто така во Истанбул во 2022 година.

Пронајдете не на следниве мрежи: