Путин има големи проблеми со мобилизацијата!

Британското Министерство за одбрана во последниот извештај наведува дека рускиот претседател Владимир Путин има големи проблеми со мобилизацијата.

Путин има големи проблеми со мобилизацијата!

„Речиси сигурно тие регрутирале персонал кој е надвор од дефиницијата за делумна мобилизација што ја прецизираа Путин и Шојгу“, додаваат британските разузнавачи.

Во извештајот се потсетува и дека рускиот претседател кон крајот на минатата недела изјавил дека грешките треба да се поправат доколку ги има при мобилизацијата на резервистите.

„Невообичаено брзото признавање на проблемот со мобилизацијата од Путин ја нагласува нејзината нефункционалност веќе во првата недела“, се вели во извештајот на разузнавањето на британското Министерство за одбрана.

Се додава и дека руската армија има проблем да најде воени офицери кои би имале време дури и да обучуваат мобилизирани резервисти.

Од друга страна, Киев Индипендент тврди дека руските сили ги продолжуваат напорите за принудна мобилизација на окупираните територии на Украина. Весникот, повикувајќи се на јужната оперативна команда на Украина, наведува дека руските официјални лица ги посетиле домовите на луѓето и составиле списоци на мажи за воена служба.

Дека нешто не е во ред покажува и фактот што командантот на руската област Хабаровск е сменет од должност откако половина од мобилизираните мажи биле испратени дома бидејќи не ги исполнувале потребните критериуми.

Во меѓувреме, Москва почна да губи „информациски простор“ и доживува драматични промени, тврди Институтот за проучување на војната.

Во специјалното издание на својата дневна анализа, тинк-тенк организацијата откри дека пропагандистите на Кремљ отстапуваат од претпочитаниот наратив на Москва и отворено изразуваат разочарување од спроведувањето на делумната мобилизација, истовремено жалејќи се за загубата на клучниот град Лиман.

„Некои гости на телевизиските емисии на Кремљ емитувани на 1 октомври дури ја критикуваа одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да анектира четири украински региони пред да бидат обезбедени нивните административни граници или дури и линиите на фронтот, изразувајќи сомнеж во способноста на Русија некогаш да ги окупира сите тие области“, се вели во Институтот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.