„ПУТИН НЕ СМЕЕ ДА ГИ НАПАЃА ЧЛЕНКИТЕ НА НАТО“: Руте откри со што ќе се соочи Москва доколку рускиот претседател се осмели

Рускиот претседател Владимир Путин не би се осмелил да нападне земја на НАТО, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Марк Руте на Советот за безбедност во Минхен.

Руте додаде дека Москва ќе се соочи со „напад од целосен обем“ од Алијансата доколку Путин одлучи да изврши напад.

Руте, исто така, денеска рече дека членките на алијансата ќе мора да ги зголемат трошоците за одбрана „значително повеќе од три отсто“ од БДП.

– Во наредните месеци ќе се договориме за буџетската цел – рече Руте.

Тој додаде дека зголемувањето на распределбите „ќе бара приоритет на одбраната во однос на другите области“.

Руте нагласи дека веќе е јасно дека има недостиг од системи за противвоздушна одбрана, ракети со долг дострел и тенкови за одржување на воените сили.

– Не инвестиравме доволно во последните 40 години, особено по падот на Берлинскиот ѕид. САД со право бараат рамнотежа во овој поглед. „Тоа е сосема логично“, рече Руте за трошоците за одбрана во Европа и Канада.

Руте додаде дека САД остануваат посветени на НАТО, и покрај неодамнешните изјави на американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет, кој рече дека европските сојузници „не можат да очекуваат присуството на Америка во Алијансата да трае вечно“.

Пронајдете не на следниве мрежи: