ПУТИН СЕ ЗАКАНИ: ОДГОВОРОТ ЌЕ БИДЕ ЖЕСТОК!

Рускиот претседател Владимир Путин ги информирал членовите на рускиот Совет за безбедност за истрагата за експлозијата на мостот на Крим. Тоа е терористички напад чија цел е да се уништи цивилната инфраструктура, рече тој.

Претседателот на Русија ги обвини украинските власти за акти на нуклеарен тероризам.

Путин рече и дека на Русија не и е дозволено да учествува во истрагата поврзана со експлозиите на гасоводите „Северен тек“ и „Северен тек 2“, пренесуваат руските медиуми.

Украина се обиде да го крене во воздух „Турски тек“, изјави рускиот лидер на седницата.

Според него, Службата за безбедност на Украина извршила три терористички напади врз нуклеарната централа Курск.

Во случај на понатамошни обиди за организирање терористички напади на територијата на Русија, одговорите ќе бидат жестоки и ќе одговараат на нивото на заканите, изјави рускиот претседател.

Путин зборуваше откако Русите извршија жесток напад врз украинските градови, вклучувајќи го и Киев. Во тие напади има жртви и причинета е голема штета.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.