Путин се избања во ледена вода, традиционално

Loading...

Путин се избања во ледена вода, традиционално

„Многумина ме прашуваат дали Путин учествувал во богојавленското капење. Вие знаете дека тој традиционално го прави тоа. А Путин ги почитува традициите“, рече портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

Рускиот претседател Владимир Путин и годинава учествуваше во богојавленското капење, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

„Многумина ме прашуваат дали Путин учествувал во богојавленското капење. Вие знаете дека тој традиционално го прави тоа, тоа е неговата традиција. А Путин ги почитува традициите“, рече портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

Кремљ наведува дека шефот на руската држава учествувал во овој настан во Подмосковје. Претседателот влезе во ледената вода, по обичај трипати се прекрсти и се нурна во водата.

 

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...
Loading...