Пјонгјанг смета дека со нуклеарните тестови не го крши меѓународното право

Loading...

Северна Кореја смета дека изведувањето на нуклеарните тестови се мерка за самоодбрана и со нив не го крши меѓународното право, пренесува РИА Новости повикувајќи се на соопштението испратено до неа од севернокорејската амбасада во Москва.

 
Во соопштението, во кои се наведува всушност изјава на министерството за внатрешни работи на Северна Кореја, е нагласено дека „нашата нуклеарна проба е исправен чекор на самоодбрана, којшто не му противречи на меѓународното право”.
Во писмената изјава на севернокорејската амбасада во Москва, исто така, се посочува дека „на почетокот кај нас немаше ниту неопходност, ниту планови за спроведување нуклеарно тестирање”, како и дека „потенцијалите за нуклеарно одвраќање имале прилично стабилен капацитет, доволен за моментално уништување преку нанесување на прецизен напад врз изворот на агресија, на која и да е точка на планетата”.
„САД уште еднаш брутално го повреди нашето право на вселенски лансирања и, наместо да се извини за тоа, пред сите други тргна со исполнување на 'резолуциите за санкции”, зголемувајќи го со тоа интензитетот на непријателството …”, се додава уште во цитираното соопштение на амбасадата на Северна Кореја во Москва.
Русија во вторникот реагирајќи на нуклеарната проба спроведена во Северна Кореја, изјави дека Пјонгјанг уште еднаш го игнорира меѓународното право и ги игнорира одлуките на Советот за безбедност при Обединетите нации.
Макфакс
Северна Кореја смета дека изведувањето на нуклеарните тестови се мерка за самоодбрана и со нив не го крши меѓународното пра

loading...
Loading...