Работниците од приватниот сектор од понеделник на вакцинација

Loading...

Работниците од приватниот сектор, без разлика дали се од водечката текстилна гранка или од друга индустрија од понеделник се очекува да застанат во овој ред за имунизација пред штипскиот регионален пункт. Барањата веќе пристигнуваат, а компаниите пројавиле голем интерес. Колкава ќе биде бројката ќе се знае од наредната недела.
Над 1.700 вакцини дневно се аплицираат на овој пункт, редица има, а во неа се застанати лицата над 58 години со Мој термин и вработените од критичната инфраструктура од штипскиот и струмичкиот регион.
Вакцини има доволно, користењето на годишните одмори на здравствените работници нема да ја загрози имунизацијата на населението. Досега на овој пункт се имунизирани речиси 11.000 граѓани.

loading...
Loading...