Работниците од хотелите откриваат што се случува зад затворените врати од хотелските соби

„Многупати викале на мене тогаш кога не сакале да ги вознемирува некој, но на вратата не стоел знакот „Не вознемирувај““ – изјавила собарката.
За гостите по хотелите собарките сметаат дека не се уредни поради хаосот кој го оставаат позади себе, од видот на фарбање на коса во лавабото како и тоа што ѓубрето го оставале покрај кантата, а не врантре:
„Многу од луѓето ги полнат кесите за ѓубре, а потоа ги оставаат на подот“.
Работничките во хотелите истакнуваат дека многу им значи кога гостите не го оставаат ѓубрето по подот низ собата.


„Многу често се случува да најдеме инсулински игли од гости со дијабетес кои се незаштитени и се фрлени во ѓубрето. Еднаш случајно се боцнав и шест мсеци ги поминав во пиење лекови за да се заштитам од инфекција“ – изјавила собарката.
Собарките напоменале дека гостите треба да сфатат дека и тие се луѓе кои само ја работат својата работа и дека и нив им е непријатно кога ќе влезат во собата да ја расчистат, а во собата има некој внатре.
На крајот споменале дека ги радува кога некои гости се толку добри па по заминувањето од хотелот им оставаат храна или пијалак во собата:

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.