Радоњиќ нов тренер на Црвена звезда

Дејан Радоњиќ, од вторник и официјално, од Владо Вукоичиќ ќе ја преземе тренерската функција во кошаркарскиот клуб Црвена звезда.

Информацијата за црногорските медиуми ја потврдил и претседателот на Будуќност, Драган Бокан, клубот во кој работеше Радоњиќ. „Дејан Радоњиќ дефинитивно е тренер на Црвена звезда. По осум години дојде време да се разделиме, кај нас тој стекна целосна афирмација. Звезда следната сезона најверојатно ќе игра во Евролигата и би било вистинска штета Радоњиќ да не ја искористи оваа шанса. Понудата на белградскиот клуб беше многу конкретна и поради тоа решивме да му дозволиме на Радоњиќ да си оди иако неговиот договор со клубот истекуваше во јуни“, изјавил Бокан за Вијести. Радоњиќ тренер на Будуќност стана во 2006 година, со екипата освои шест шампионски титули во Црна Гора и исто толку трофеи во националниот куп. Бил селектор на јуниорската и младата репрезентација на Црна Гора, а националниот тим го предводеше на сениорското Европско првенство во Литванија во 2011 година. Сезонава Будуќност ја заврши на петтото место во АБА лигата и стигна до четвртфиналето во Еврокупот.
Макфакс
Дејан Радоњиќ, од вторник и официјално, од Владо Вукоичиќ ќе ја преземе тренерската функција в

Пронајдете не на следниве мрежи: