Крцкави пилешки гради!
Состојки:
3 парчиња пилешки гради со средна големина
2 белки
1 чаша бадеми
¼ чашa рендан пармезан
1 лажичка мајчина душица
2 лажички оригано
1 лажичка сол
Подготовка: Загрејте ја рерната на 170 степени. Промешајте го ориганото, пармезанот, солта и мајчината душица додека сè не се соедини добро. Ставете го пилешкото на едната чинија, белките во плиток сад, а мешавината од бадеми на другата чинија. Пилешките парчиња лесно превртете ги во белките, а потоа во смесата со бадеми, па наредете ги на плех покриен со хартија за печење. Печете околу триесет минути.
Пријатно!

Разбијте ја монотонијата за припремата на пилешко месо! Оваа крцкава варијанта
‹‹ Претходна вест
Loading...
loading...