Разбојништво во Скопје: Две лица украле 96.000 денари и 20 мобилни телефони

Јавен овинител наредил истрага против  две лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Разбојништво според член 237 став 4 во врска со став 1 и во врска со член 22 од Кривичниот законик.

…двајцата осомничени, на 4 август, влегле во продажен салон за бела техника и апарати на улицата „Ѓорче Петров“ и на тројцата вработени им се заканиле со автоматска пушка и пиштол. Од продажниот салон противправно одзеле 96.000 денари и 20 мобилни телефони…
Разбојништво во Скопје: Две лица украле 96.000 денари и 20 мобилни телефони од продажен салон

Како што информира Обвинителството, двајцата осомничени, на 4 август, влегле во продажен салон за бела техника и апарати на улицата „Ѓорче Петров“ и на тројцата вработени им се заканиле со автоматска пушка и пиштол. Од продажниот салон противправно одзеле 96.000 денари и 20 мобилни телефони. По извршеното разбојништво, во автомобил со регистарски таблички од друго возило, осомничените го напуштиле местото и се упатиле кон Сарај. Притоа биле забележани од полициски службеници кои неколкупати се обиделе да го сопрат возилото, но осомничените ја зголемувале брзината. Во близина на мостот Сарај, на излез од Скопје, биле запрени и лишени од слобода.

За едното лице е предложен притвор, додека вторито осомничен е на издржување казна затвор за друго кривично дело.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.