Разочаран сум од денешниов протест. Си заминав уште на говорот на Љупчо Палевски

Loading...

Јас морам искрено да го кажам следново:
Како искрен патриот кој нема апсолутно никаква скриена намера,кого не го интересира популарност кај дијаспората за да може потоа да влече пари од истата, кој си ја сака својата Татковина и не го интересира дали протест организира Јанко Бачев, Филип Петровски, Христијан Мицкоски ако е со искрена намера за одбрана на Името разочаран сум од денешниов протест.
До кога вака? До каде вака? Провокации кон Филип Петровски од профитери во ВМРО ДПМНЕ, Христијанско Братство против тие што беа горе, некои скандирање имаше и против Мицкоски, се на се не беше ниту време ниту место! Јас си заминав уште на говорот на Љупчо Палевски и не знам што се случуваше натаму!
Ја ислушав Химната, го дочекав Знамето и кога почнаа говорите беше јасно дека некој сака да расчистува сметки! Извинете ама јас не дојдов да се мрзнам и утоп да бидам поради тоа! Јас критикувам на фб, ако сакам на некого нешто да му кажам ќе го најдам и ќе му кажам,истото важи и за тие што сакаат мене нешто да ми кажат,лесно може да ме најдат ама на протест за зачувување на Името никогаш нема да расчистувам лични преписки!
Владеј Хунто ти се може!


* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...