Разрешен од функција Секретарот на Град Скопје

Во петокот разрешен од функција Секретарот на град Скопје Ѓоко Велковски…

Разрешувањето на Секретарот на Скопје се чини дека е само продолжување на судирот со Мицковски. Имено се знае дека Ѓоко беше висок функционер во ОК Чаир на Мицковски. Данела ги обвини него и Перински дека биле во мрежа која конспирирала за ТЕНДЕРОТ ЗА ПРЕЧИСТИТЕЛНАТА СТАНИЦА КОЈ Е ВРЕДЕН НЕВЕРОЈАТНИ НАД 130 МИЛИОНИ ЕВРА…

За помалку од година дена заврши љубовта меѓу Мицковски и Данела Арсовска. Што се крие зад овој сериозен судир останува допрва да се види. Меѓутоа ова е голем политички проблем за Мицковски. Имено во јавноста се погласно се зборува дека всушност е започната операција за отстранување на Мицковски од БЕЛАТА ПАЛАТА…
Разрешен од функција Секретарот на Град Скопје

Од функцијата Секретар на град Скопје, во петокот разрешен Ѓоко Велковски, а причина за разрешувањето е неговото влијание во спорна тендерска постапка за изведба на пречистителна станица во вредност од 136 милиони евра, средства кои се обезбедени од ЕБОР и ЕИБ.

Велковски, во петокот е разрешен заедно со в.д директорот на ЈП Водовод и Канализација-Скопје Златко Перински поради обиди за влијание кои се сметаат за тенденција која ги потврдува основаните сомнежи на Град Скопје за самоволие и несоодветно постапување во постапката за избор на изведувач во милионски тендер.

Градот Скопје нема да дозволи расипничко трошење на парите на скопјани, ниту финансирање на лични и теснопартиски интереси. Скопје е град на сите скопјани.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.