Раиконен: Најлесна победа во кариерата

Loading...

Возачот на Лотус Рено, Кими Раиконен, кој победи на првата трка во 64-от шампионат во Ф1, изјавил дека тимската стратегија и добриот старт му ја донеле победата.

„Мислев дека ќе биде лесно со две влегувања во пит стопот. Добро стартував и потоа се одеше добро. Во првите трки секогаш е тешко кога застануваат во пит стопот, но ние направивме добар план и се држевме до него. Екипата работеше добро и на крајот се излезе совршено за нас“, рекол Раиконен по трката.Лотус имаше стратегија со две влегувања во боксот, што на крајот се испостави дека било клучно за победата на Финецот. За разлика од него конкурентите, во текот на трката, по три пати ги посетуваа своите механичари.„Ги чував пневматиците и бев брз кога тоа ќе го посакав. Ова беше најлесна трка во која сум извојувал победа. Се надевам дека и во иднина ќе имаме ваква трка“, дополни Ф1 шампионот од 2007 година. Раиконен изјавил дека воопшто не размислува за освојувањето на шампионската титула. „Оваа победа не ги менува нашите цели за оваа сезона. Мораме уште многу да работиме и да се обидеме да го освоиме првенството“, изјавил Раиконен, кој на Алберт Парк ја забележа 20-та победа во кариерата.Шампионатот во Ф1 продолжува следниот викенд, кога на патеката Сепанг ќе се вози трката за ГН на Малезија.
Макфакс
Возачот на Лотус Рено, Кими Раиконен, кој победи на првата трка во 64-от шампионат во Ф1, изјавил дека тимската стратегија

loading...