Ракометарите, без голманот Ристовски отпатуваа за Шпанија

Ракометната репрезентација на Македонија, во петокот, отпатува за Шпанија, во Гвадалахара, каде вo недела против Шпанија ќе го одигра натпреварот од четвртото квалификациско коло за пласман на ЕП во Данска.Светскиот првак Шпанија, во средата во Скопје, забележа лесна победа од 24:17, на тој натпревар со повреди се здобија Велко Марковски, Филип Миркуловски и Владо Недановски.Селекторот Ивица Обрван на нивните места ги повика Бранимир Ангеловски и Никола Митревски, додека Кирил Лазаров кој на првиот меч одигра само 18 минути отпатува за Шпанија, дали ќе игра ќе биде решено пред почетокот на самиот натпревар.Она што изненадува е што меѓу патниците го нема голманот Борко Ристовски, покрај Петар Ангелов за голманската позиција ќе конкурира Никола Митревски.
МакфаксРакометната репрезентација на Македонија, во петокот, отпатува за Шпанија, во Гвадалахара, каде вo недела против Шпани