Расмусен и Лавров разговара за соработката меѓу НАТО и Русија

Loading...

Генералниот секретар Андерс Фог Расмусен во понеделникот го повика рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на зајакнување на соработката на неговата земја со Алијансата и покрај различните ставови по неколку прашања, како што се ситуацијата во Сирија или антиракетниот штит, а Москва се интересирала за карактерот на мисијата во Авганистан по 2014-та.Во текот на разговорот во седиштето на НАТО во белгиската престолнина Брисел, генералниот секретар на сојузот Андерс Фог Расмусен посакал НАТО и Русија да го продолжат „заедничкиот напредок“ остварен минатата година во „практичната соработка, како што е борбата против тероризмот и поморското пиратство, се нагласува во соопштението на НАТО што го пренесува AFP.Било разговарано и за темите поврзани со Сирија, операцијата на НАТО во Авганистан, како и „за начините за јакнење на дијалогот меѓу НАТО и Русија за противракетната одбрана“, се додава во соопштението на Алијансата.Од друга страна шефот на руската дипломатија за новинарите изјавил дека Русија сака да види какви задачи ќе исполнува НАТО во Авганистан по 2014 година, откако според најавите ќе бидат повлечени сите странски контингенти, а одговорноста за безбедноста на земјата ќе ја препушти на домашните безбедносни сили.„НАТО сега се обидува да го утврди карактерот на мисијата на Алијансата по истекот на 2014 година, кога НАТО се повлекува од Авганистан, но ќе го остави таму намален број свои припадници, коишто ќе бидат ангажирани во обуката на авганистанскиот персонал, на давање консултативни и советодавни услуги“, изјавил Лавров во Брисел, пренесува РИА Новости.Според него, покрај тоа, руската страна сака да знае во што ќе се состои „примарната мисија на Алијансата по 2014 година“.„Ние, се разбира, сме заинтересирани, бидејќи понекогаш се јавуваат информации во полза на тоа дека централната мисија на Алијансата повторно ќе биде заедничката територијална одбрана“, забележал шефот на дипломатијата на Руската Федерација.Генералниот секретар Андерс Фог Расмусен во понеделникот го повика рускиот министер за надворешни работи Сергеј

loading...