Расне бројот на заразени и починати и во Франција. Најавува ли ова втор бран?

Loading...

Расне бројот на заразени и починати и во Франција. Најавува ли ова втор бран?

Новите смртни случаи и заразени со коронавирусот во Франција во средата беше повисок од просекот забележан последната недела.  Здравствените власти предупредуваат за надоаѓање на нов бран од КОРОНА ВИРУСОТ.

Потврдени се нови 779 случаи на зараза, додека во вторникот имаше 475 заразени. Просекот на дневно ниво последната седмица беше 536 новозаразени. Во јуни овој просек изнесуваше 435, во мај 715 а во април дури 2.582 заразени на ден. Бројката на нови смртни случаи е исто така во пораст и изнесува 306 во последниот ден.

Вкупно заразени од коронавирусот од почетокот на епидемијата во Франција се 169.462 лица, од кои 51.371 оздравеле. Голема е бројката на сеуште активни случаи, над 92 илјади.

Жером Саломон, Директорот на француската агенција за јавно здравје, изјави денеска дека земјата мора да се подготви за вториот бран од епидемијата.

 

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...