Распитот заврши, Лила со бакнеж и “чао друштво“ ги поздрави новинарите

Loading...

Водителката Лила Филиповска денеска повеќе од еден час беше на распит во Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во врска со итрагата за случајот “Рекет“.
На излегување од Обвинителството таа не сакаше да даде изјава за медиумите. На новинарските екипи им испрати бакнеж со зборовите “чао друштво“.
Во врска со случајот “Рекет“ осомничени и во притвор се Бојан Јовановски – Боки 13, Зоран Милевски – Кичеец и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

loading...