Регистрирани уште три нови случаи на морбили

Loading...

Вчера во Скопје се регистрирани три нови случаи со морбили, со што вкупната бројка на заболени се искачи на 69. Се работи за едно дете на возраст од една ипол година од населбата Чаир, едно 10-месечно бебе и едно петгодишно дете од Центар. Ниту едно од трите деца не биле вакцинирани, информираат денес за МИА од Министерството за здравство.
На Клиниката за инфективни болести се сместени 24 пациенти со морбили. Крај на епидемијата ќе се прогласи четири седмици откако нема да се регистрира нов заболен од морбили. Од појавата на епидемијата и од почетокот на забраната за примање деца во градинка кои не се вакцинирани со МРП вакцина, досега, се вакцинирани повеќе од 3.400 деца – информираат од Министерството за здравство.

 

loading...