Регистрирани 60 случаи на непочитување на полицискиот час во последните 24 часа

Loading...

Регистрирани се 60 случаи на непочитување на полицискиот час во последните 24 часа.

Од воведувањето на полицискиот час, вкупно 391 граѓанин бил фатен како не ја почитувал оваа владина мерка, вклучително и над 60 случаи регистрирани во последните 24 часа. Од последните, 11 од сторителите се малолетници и шестмина се лица над 67 години.

“За лицата до 18 години, секако ќе има и прекршочна одговорност. Исто така, постои и таканаречена солидарна одговорност на нивните родители поради небрежност на родителите. Тоа е прекршочна постапка која предвидува парична казна. Тоа е член 205 од Кривичниот законик кој предвидува инкриминација на дејствија што доведуваат до ширење на заразно заболување и предвидува казна затвор од 1 до 3 години. Друг член, член 206, предвидува непочитување на наредбите на државните органи. Тука казната се движи од 2.500 евра до една година затвор. Наидовме на потешкотии и во Битола, Велес, Прилеп, Струмица каде има повеќе прекршувања на полицискиот час” – изјави заменик министерот за внатрешни Нухиу.

Состојбата во Македонија вчера:

Повеќе информации и анкети можете да најдете на нашата Фејбук страница!!!

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...