Рекорден број на нови случаи на коронавирус во Словенија од почетокот на пандемијата

Во изминатите 24 часа во Словенија се регистрирани 79 нови случаи на коронавирус од 2.560 тестирани лица, што е апсолутен дневен рекорд од 4 март, кога во таа земја се појави првиот случај на Ковид-19, според последните владини податоци. 

Во моментов, 590 случаи се активни, објави СТА. 

Вкупно 33 пациенти се наоѓаат во болници, од кои четири се на интензивна нега, според податоците на веб-страницата covid-19.sledilnik.org.

 Вчера немаше смртни случаи, а вкупниот број на смртни случаи се уште е 135.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.