РЕКОРДЕР ЗА ГИНИС: Бесмира Ејупи била на паушал и во МЖ-Инфраструктура (вкупно 6 институции)

На листата на институции од кои Бесмира Ејупи добивала хонорари се додава уште една. Покрај тоа што истовремено добила 12 илјади евра од 4 општини и Државното правобранителство, Ејупи од 11 мај 2021 година до 16 август 2022 од Владата била поставена и во Надзорниот одбор на Јавното претпријатие „Железници – инфраструктура“.

Рекордер вреден за анализа:

Случајот со Бесмира Ејупи стана актуелен, кога беше предложена за конзул во Њујорк, а во исто време наводно била на платен список и од Државниот правобранител, од општина Сарај, општина Чаир, општина Брвеница и општина Петровец.
РЕКОРДЕР ЗА ГИНИС: Бесмира Ејупи била на паушал и во МЖ-Инфраструктура (вкупно 6 институции)

Иако во јуни Антикорупциската комисија покрена иницијатива за кривична одговорност за четворица градоначалници и иницијатива за морална одговорност за државниот правобранител, кој во истиот период ја ангажирал Ејупи, нејзината соработка со Државното правобранителство продолжила и тоа може да се види и на страницата „Отворени финансии“, каде последната уплата за Ејупи била регистрирана на 5 август.

И МНР и понатаму молчи за информациите кои кружат во јавноста за Бесмира Ејупи. Од МНР ниту ја потврдуваат ниту ја демантираат информацијата дека таа од неодамна работи кај нив.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.