Рекордна загуба на Peugeot Citroen во 2012 г.

Loading...

Најголемиот француски производител на автомобили PSA Peugeot Citroen, во средата соопшти дека во 2012 година забележал рекордна загуба од пет милијарди евра, која е припишана во прв ред на отписот на активата поради се потешката состојба на европскиот пазар на автомобили.Вкупните приходи на групацијата се намалиле за 5,2 отсто, на 58,4 милијарди евра. Вкупниот отпис на активата во минатата година изнесувал 4,7 милијарди евра.Компанијата е соочена со пад на побарувачката, растечката цена на челикот и другите материјали, поради што во минатата година нејзиниот одел за производство забележал оперативна загуба од 1,5 милијарди евра.Продажбата на автомобили на европскиот пазар е намалена за 8,2 отсто, на најниско ниво од 1995 година, покажаа податоците на европското здружение на производители на автомобили ACEA. Францускиот пазар на автомобили во 2012 година се намалил за 13,9 отсто.
МакфаксНајголемиот француски производител на автомобили PSA Peugeot Citroen, во средата соопшти дека во 2012 година заб

loading...