Рекордни бројки на новозаразени со коронавирус и во тиквешко, меѓу нив и 3-годишно дете

Loading...

Рекордни 20 новозаболени КОВИД случаи се потврдени во тиквешко во последните 24 часа.
Доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог од кавадаречкиот Центар за јавно здравје, од потврдени се 15 нови случаи во Кавадарци, три во Неготино и два во Демир Капија, на возраст од три до 72 години, од двата пола.
-Сите се со симптоми, двајца на возраст од 63 и 47 години се хоспитализирани во болница. Петмина претходно имале контакт со заболено лице, другите не знаат каде се заразиле, рече докторот, според кој, заболена е и една медицинска сестра.
Меѓу новозаболените има и едно тригодишно дете од градинка, па затоа во изолација се воспитувачка, негувателка и 13 дечиња од неговата група. Денеска ќе се дезинфицираат просториите во градинката.

loading...