Ременски иако била почесен претседател на Меѓународниот сојуз на Боки 13 тврди дека немала увид во ништо 

Loading...

По повеќе од два часа давање исказ за случајот “Рекет“ во одделението за организиран криминал и висока корупција кај обвинителката Рускоска заврши распитот на пратеничката Ременски. Таа на новинарите им кажа дека не ги познава обвинетите од “Рекет“.
-Со индигнации ги отфрлам и демантирам информациите кои ги пласирате дека сум соработувала со обвинетите. Со Орце Камчев, Зоки Кичеец, Бојан Јовановски и Каица Јанева не сум никако поврзана. Најодговорно ги демантирам сите прашања- кажа Ременски.
Иако била почесен претседател на Меѓународниот сојуз на Боки 13 таа тврди дека немала увид во ништо.
Во изјава за медиумите Ременски појасни дека била повикана како лице од кое се земаат одредени известувања да даде одговор за се што е поврзано со случајот “Рекет” како и со Меѓународниот сојуз.
Во однос на тоа дали знаела за зделките и за тоа каде одат парите од Меѓународниот сојуз, Ременски повтори дека и во време кога опозицијата го споменувала нејзиното име таа јасно стоела на став дека случајот треба да се истражи и дека околу тоа нема ништо против.
– Јас квалификациите за тоа што правел Меѓународниот сојуз ќе ги оставам на надлежните органи, по прашање на грижа на совест е индивидуална категорија на секој поединец и сите ние имаме одговорност и ситуации кога и другаруваме и сме во роднинска врска со луѓе кои сториле или не сториле нешто. Но, тоа не значи дека треба да имаме грижа на совест, кажа Ременски во изјавата.

 

loading...