РЕПУБЛИКАНЦИТЕ ЈА ПРЕЗЕМААТ КОНТРОЛАТА НА ПРЕТСТАВНИЧКИОТ ДОМ: Следуваат две години поделена влада, демократите на Бајден го задржаа Сенатот

Републиканците ја презедоа контролата врз Претставничкиот дом, поставувајќи го теренот за следните две години поделена влада во САД, при што Демократската партија на американскиот претседател Џозеф Бајден ја задржа контролата врз Сенатот, односно Горниот дом.

РЕПУБЛИКАНЦИТЕ ЈА ПРЕЗЕМААТ КОНТРОЛАТА НА ПРЕТСТАВНИЧКИОТ ДОМ: Следуваат две години поделена влада, демократите на Бајден го задржаа Сенатот

Се предвидува дека републиканците ќе освојат меѓу 218 и 223 места во 435-члениот Претставнички дом, пренесува Ројтерс.

Имено, дел од републиканците во Претставничкиот дом веќе посочија дека имаат намера да го истражат Хантер Бајден, синот на американскиот претседател, како и да ја испитаат политиката на администрацијата кога станува збор за коронавирусот и јужната граница.

Пратеникот од Калифорнија Кевин Мекарти е номиниран за претседател на Парламентот. Ова е највисоката позиција во Конгресот.

„Американците се подготвени за нова насока, а републиканците се подготвени да го овозможат тоа“, напиша Мекарти на својот Твитер.

Џо Бајден му честиташе на Макарти за освојувањето на мнозинството во Претставничкиот дом, велејќи дека е „подготвен да работи со републиканците“.

„Подготвен сум да работам со републиканците во Претставничкиот дом за да постигнам резултати“, рече Бајден.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.