МАКЕДОНИУМ со отворено писмо до Иванов

Loading...

Почитуван Претседателе на Република Македонија господине Ѓорге Иванов
Семакедонскиот Национален Совет – Македониум, согласно активностите кои ги спроведува, во консултација со проф. др. Игор Јанев, по однос на прашањето на името и акциите кои беа преземени во ООН, во моменти кога во државата се прават сите обиди за озваничување на договорот од Преспа Заев – Ципрас, со кој се оди директно на промена на Уставното име, а согласно неуспешниот референдум по тоа прашање, донесе одлука јавно да Ви се обрати господине Ѓорге Иванов, Претседателе на Република Македонија, со барање да се обратите до Руската Федерација и нивниот претседател г. Путин со барање Руската Федерација да тргне во акција во СБ на ООН, како постојана членка, за прогласување на преговорите со Грција за пропаднати согласно резултатите од референдумот од 30-ти септември 2018 г. со предлог Советот за Безбедност да даде препорака до Генералното собрание да продолжиме со членството во ООН под уставното име, како Република Македонија.
Доколку во било кој случај предлогот на Русија пропадне, потребно е:
1. На истата седница на Советот за Безбедност, Русија да бара Советот за
рати барање до Меѓународниот суд за ДОПОЛНИТЕЛНИТЕ УСЛОВИ за приемот во ООН 1993 (кои се нелегални). 2. Доколку, нема согласност за ваквата резолуција, Руската Федерација да соопшти дека СБ е во блокада и опструкција, и по истите причини како 1947, да упати на ваква иницијатива до Генералното собрание на ООН за добивање на опишаното советодавно мислење од Судот за легалитетот на дополнителните услови, при приемот во ООН, за Македонија. 3. Руската Федерација ваквата иницијатива да ја иницира во Генералното собрание на ООН за добивање на Советодавното мислење од судот за легалитет на дополнителните услови за Македонија. 4. Во меѓувреме, бараме Вие Претседателе на Република Македонија г. Иванов да ги повикате сите држави во ООН да не признаат под уставното име Република Македонија.
Сметаме дека ова е единствениот начин во овој момент и дека Претседателот Иванов треба да реагира веднаш, како би се стопирале сите процеси започнати во Собранието на Република Македонија за Уставни измени, како и да се сведе на нула опцијата за поднесување Импичмент за Вас господине Претседателе Иванов, во Собранието на Република Македонија,
СеМакедонски Национален Совет
Македониум
(во консултација од проф. др. Игор Јанев)
за претседателот Страшко Олумчев
Скопје, 09 ноември 2018 г.

loading...