Ресторан нуди 1000 фунти за оној кој ќе изеде огромен хамбургер за 20 минути

Loading...

Ресторанот Кебабстан во Престон нуди награда за оној кој ќе изеде огромен хамбургер за 20 минути.
Станува збор за бургер со големина од 35,56 центиметри кој тежи 2 килограми и може да најаде 10 лица, но ресторанот нуди ваучер вреден 1000 фунти за едно лице кое ќе успее само да го изеде за 20 минути.

Огромниот хамбургер чини 35 фунти и е со големина на голема пица. Освен двете парчиња месо и лепчето, хамбургерот се состои и од кашкавал, салата, краставички и кечап. Некои веќе се пријавиле за ваквиот предизвик, но сопственикот на ресторанот смета дека тоа е невозможна мисија.

Кебабстан им понудил сличен предизвик на своите гости и минатата година, а победникот на натпреварот успеал да изеде кебаб долг 2 метри за само 9 минути, пишува “Metro”.

loading...