Рецепт: Вкусни Рудолф бисквити за големи и мали

Loading...

Никој не може да им одолее на нежните, крцкави бисквити кои мирисаат на ореви и чоколадо. Многу лесно ќе ги направите, а не заборавајте да ги вклучите и најмалите во подготовката.
Рецепт: Вкусни Рудолф бисквити за големи и мали
Потребни состојки:
200 г брашно
100 г шеќер во прав
100 г мелени ореви
екстракт од ванила
200 г стопен путер на собна температура
1 јајце
нутела или фил по желба


Начин на подготовка:
Ставете ги сите горенаведени состојки во сад и замесете тесто. Многу е важно сите состојки да се многу ладни.
Завиткајте го тестото во фолија за храна и ставете го во фрижидер околу 30 минути.
Изладеното тесто развлечете го тенко на набрашнета површина и со мал калап исечете кружен облик. Направете повеќе, а потоа ставете ги бисквитите на плех обложен со хартија и печете ги во загреана рерна на 180 степени, околу 10 минути.
Изладете ги, пополнете ги со фил по желба и нацртајте го Рудолф.
За Рудолф ви треба чоколадо што ќе го стопите на тивок оган. Ќе ви треба и чепкалка за заби и црвени мали бонбони.
Користете чепкалка за заби потопена во чоколадо, нацртајте линии на бисквитите во облик на Рудолф и залепете црвена бонбона на местото каде што ќе биде носот

loading...