Рецепт за богата солена торта од палачинки

Loading...

Никој нема да ја напушти вашата куќа без рецептот за оваа богата солена торта.
Рецепт за богата солена торта од палачинки
Потребни состојки:
7 палачинки
3 кисели краставички
3 варени јајца
200 грама шунка
200 грама сирење
200 грама кашкавал
200 грама мајонез
200 грама кисело млеко
1 лажица сенф
Начин на подготовка:
Измешајте ги мајонезот, киселото млеко и сенфот и премачкајте ја секоја палачинка.
Откако ќе ги премачкате палачинките, одозгора ставете ги ситно сечканата или рендана шунка, сирењето, јајцата, краставичките и кашкавалот.
На крај, премачкајте ја целата солена торта одозгора и од сите страни и украсете по ваш вкус.

loading...